Портокал со чоколада во крем
За овој десерт треба да изберете благи портокали, да не бидат кисели.
Портокалите ги лупиме со нож како јаболко да ја отстраните површинската кожичка.
Ги редиме во плек обложен со хартија за печење.
Путерот го растопуваме и во него додаваме истискан сок од лимон, шеќер, цимет и ванилата. Мешаме се заедно и вариме на умерен оган додека да се згусти. Врелиот сируп го преливаме врз портокалите и ги ставаме во претходна загреена релна на 190 околу 7-8 минути.
Ги вадиме да се оладат оладени ги набодуваме со вилушка и врвот го натопуваме во ратопена чоколада и повторно оставаме да се изладат.
Павлаката ја загреваме и ја додаваме чоколадата да се истопи.
Жолчките ги матиме и во тенок слој ги додаваме кај павлаката мешаме постојано со рачна маталка да се згусти кремот малку, но внимаваме да не проврие. Го тргаме да се олади.
Сервираме прво кремот, па малку од сирупот одозгора го ставаме портокалот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови