20
јан
2021
Салама од чоколада и портокал
Превкусен колач кој има неодолив вкус на чоколада и портокал.
1. Во сад на пареа се става кршената чоколада, кората од портокал и маргаринот да се стопат.
2. Потоа се трга од пареата и се додава сокот од портокал, оревите, румот и дробените бисквити. Убаво се меша со дрвена лажица. Се остава да олади 10 мин.
3. Целата смеса се истура врз најлон фолија која претходно е посипана со шеќер во прав. Се обликува во салама и се заврзува од двете страни. Се остава да олади 2 саати.
4. Кога ќе олади, пак обилно се посипува со шеќер во прав и се сече.
Направете го одличен е со префинет неодолив вкус.
Лиценца: Сите права се задржани