15
дек
2020
Салама со кафе и темна чоколада (без печење)
Бисквитите ги кршиме во еден сад на покрупно.Чоколадата заедно со путерот ги топиме на пареа.100 милилитри вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица инстант кафе се загреваат додека се стопи шеќерот.Кафето го додаваме на стопената чоколада.Откакао малку ќе олади со ова се полеваат бисквитите.Се меша се заедно и се истура врз хартија за печење.Формираме салама со помош на хартијата и саламата замотана во хартијата ја оставаме да олади сосема на собна температура,а потоа се става во фрижидер уште два часа.
Оладената салама ја валкаме од сите страни со шеќер во прав и веќе може да се сечет парчиња и да се пробува заедно со чаша добро кафе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови