1.Подготовка на пандишпанот
Се матат белките со шеќерот пенасто со миксер. На крај се додаваат една по една жолчка и се мати со миксерот. Се додаваат млекото и румот и убаво се соединува со јајцата. Сувите состојки (брашно, какао, пециво) се соединуваат и се додаваат во јајцата. Се соединува се убаво и се пече во калап со обрач бр 28 на хартија на 180 степени околу 45 мин. Кората е висока. Таа е убаво испечена кога една чепкалка за заби би излегла од неа сосема чиста и неизлепена. Кората се сече на три потанки кори во висина.

2.Подготовка на преливот за попарување
Млекото со шеќерот најпрво зоврива, а потоа се додава во него се по ред (чоколадото, путерот, оревите и на крај ванилата). Со овој прелив, додека е се’ уште топол се прелива тортата на следниот начин- во калапот во кој се печел пандишпанот, обложен од сите страни со алуминиумска фолија, се става на дното еден дел од пандишпнот и врз него се полева 1/2 од преливот. Веднаш се става врз тоа и вториот дел од пандишпаноти повторно врз него се става ¼ од преливот. И по трет пат се повторува постапката. Целата торта се завиткува со алуминиумска фолија и се остава 24 часа да одстои и да се стегне-прво на собна температура додека малку се подизлади, а потоа во фрижидер.

3.Подготовка на шлагот
Сите состојки се мешаат заедно и се мати од 3 до 5 минути. Со ова се премашкува целата торта, па врз шлаг кремот се истура глазурата и се декорира по желба.

4.Подготовка на глазурата
Путерот се остава да зоврие и веднаш во него се додава чоколадото да се растопи. На крајот се додава слатката павлака, убаво се растопува и со ова се полева тортата од средината па се разлева по малку и од страните. Тортата е претходно извадена од фрижидер и превртена на чинија за торта. Се декорира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани