Ова се брзи и едноставни тортички кои ги подготвувам веќе подолго време со добра организација готови се за четириесет минути. Декоративни се а пред се се вкусни, моите домашни ги обожаваат затоа редовно ги подготвувам, се надевам дека ќе ви се допаднат и на вас.

Подготовка
Во два сада ги делиме јајцата (посебно белки посебно жолчки),прво ги матиме белките. Го вклучуваме миксерот и полека матиме одкако белките ќе се изматат постепоно лажица по лажица додаваме пет лажици шеќер (добиваме цврст крем).
Во белките додаваме две лажици густин и две лажици брашно мешаме со лопатка. Оваа смеса ја сипуваме со лажичка во тавче со димензии 25*35 обложено со хартија за печење (погледнете во дополнителните слики) оставете третина од филот за одозгора.

Сега почнуваме со подготовка на црното тесто, жолчките ги матиме со пет лажици шеќер потоа го сипувме млекото, зејтинот, сувите состојки (брашното осумте преостанати лажици,какаото и прашокот за пециво) заедно ги мешаме и постепено ги додаваме во садот со жолчките.
На крај додаваме рум и смесата ја сипуваме врз белките. Со третината од останатите белки пуштаме со лажичка топки и правиме шари. Тортата ја печеме половина час на 180степени одкако ќе се испече се сече на половина се премачкува со мармалад. Од тортата сечеме тортички и по желба ставаме топено чоколадо.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани