Чоко-рум шнита
Белките се матат во цврст снег, па им се додава шеќерот. Од како ќе се добие цврста маса се додаваат останатите состојки и смесата се пече околу 50 минути на 150-1`60 степени.
Пандишпанот се сече на 3 дела по должина.
фил
Млекото се става да зоврие со топлото чоколадо и шеќерот. Од како ќе зоврие се додава растворениот пудинг и се вари крем. Кон оладениот крем се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав и се мати додека се добие густ мазен крем.
На чинија се става еден дел од шнитата се попрскува со 2 лажици рум, па се премачкува со фил. Така се редат и останатите 2 дела и одозгора се декорира по вкус, а може и со филот затоа што има доволно. Ако немате чист рум користете екстракт, но нека биде малку појак. Тортата е најубава кога е добро оладена-тогаш вкусот најубаво се чувствува.
Лиценца: Сите права се задржани