Полумесечинки со афион
Сите состојки, освен чоколадото, ставете ги во длабок сад и замесете тесто. Завиткајте го тестото во прозирна фолија и савете го во фрижидер да отстои минимум 30 минути.
Рерната загрејте на 200° и во два плеха ставете хартија за печење.
Поделете го тестото на пола и од секој дел оформете ролна со пречник од 3см. Сечете парчиња со дебелина од 2см.
Од секое парче оформете ролничка со должина колку еден прст, во средината да биде подебела а краевите потенки. Оформете полумесечинки и редете ги во плехот. Ставете ги да се печат 7-9 минути во претходно загреаната рерна.
Оставете убаво да се оладат па потоа краевите потопувајте ги во чоколадото кое претходно сте го растопиле на пареа. Вратете ги назад во плехот на хартијата додека да се стегне чоколадото па потоа послужете.
Колачите се меки, миризливи и многу вкусни. Додека се печеа, кај мене цел стан мирисаше на портокал и ванила. -)
Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 20 колачи, јас ги правев поголеми. Помали правени, би излегле негде околу 30 парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани