27
апр
2013
Полнети јајца со спанаќ
Јајцата ги пресекуваме на половина, можете по желба да ги исечете на цик, цак. Ја вадиме жолчката од јајцата ставаме во длабок саб и ја изгмечуваме со вилушка. Спанаќот го ставаме во вода што врие додека да омекне, Потоа го цедиме од водата, сечкаме и го блендираме. Го додаваме кај жолчките , додаваме и сенф згмечен лук, сол и мајонез. Мешаме да се изедначи смесата. Ги земаме белките на дното ги засекуваме малку, да может стабилно да стојат во чинијата и ги редиме на чинијата. Земаме од филот и полниме готварски шприц и ја полниме белката. Доколку сакате можете и со лажица да си ги наполните.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И јас сум за со сиренце :)