Полнети тестени топчиња
Малку време одсуствував, еве пак овде, само вие спремете од полнетиве топчиња, па потоа ке разговараме, на кој што не му е јасно може слободно да праша, а дозволено е и секаков коментар, од не ми се допага... па до она наше- м.м.м.м.м.м.м, одлично меко тесто, одличен спој на фил, кој мирис од семето, едноставно одлични .... па повелете понатаму и читајте-
ПРИПРЕМА
1. Во садот во кој што ке го замесите тестото ставете го подгреаниот јогурт или кисело млеко, квасецот да се раствори во него, додајте го шекерот и лажица брашно, - оставете на топло да кисне. Кога е стасано додавајте од брашното во кое сте ја ставиле солта, јајцето, и на крај домесете го тестото со зејтинот. Треба да добието меко тесто кое веке не се лепи на рацете- значи го месете повеке време. Оставете го да стаса.
2. Додека тестото стасува, на крупната страна од рендето изрендајте го кашкавалот, исецкајте ја шунката и краставичките.
3. Стасаното тесто премесете го и кинете помала количина од тестото. Во средината на секое од тестото ставете од спреманиот фил и увалкајте топчиња во големина на орев.
4. Наполнетите топчиња веднаш ги валкате (макате) во склапаното јајце, го валкате потоа во спреманиот микс од семињата кои сте ги измешале со малку сол - редете ги во плех на кој веке сте ставиле хартија за печење. Оставете даа стасат и печете во предходно загреана рерна на 200 степени се додека не добијат златно црвеникава боја.
Толку... останува да уживате и во вкусот и во мирисот!
Напомена
Јас само еднаш ги имам правено во големина на орев, сите следни - па и сега овие најпосле спремани полнети топчиња, ги правам поголеми - за да ми бидат исти го мерам тестото и секое топче го правам од 50 гр. тесто. Ова за да си земат еднаш или двапати... да не ги боли раката претегајки се стално да си се послужуваат ...))))))
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав
Фала