Кофтиња во тестени чашки
1. Загрејте ја рерната на 220 Ц. Подмачкајте ги со зејтин формите за мафини - 12 на број.
2. Насецкајте го кромидот на ситно и малку запржете го во зејтинот.
3. Во сад измешате ги меленото месо со запрежениот кромид, зелените перца од младиот кромид, лебните трошки, жолчката од јајцето и сосот, додадете ги зачините и измесете го тоа целото. Доколку вие си имате свој рецепт за кофтиња што семејството ги обожава, слободно спремајте си ги по вашиот рецепт.
4. Од добиената смеса направете 12 кофтиња и ставете ги по едно во калапите за мафини и печете ги во рерната околу 10 мин.
Додека се печат кофтињата, припремајте го тестото-
1. Во сад ставете го брашното, додадете ја белката, солта и млекото, со жица или миксер - измешајте го, а притоа додавајте вода додека не добието еднородна смеса која е слична на смесата за палачинки.
2. Од рерната извадете ги кофтињата. Не е неопходно да ги извадите кофтињата од формичките, но мора да проверите да не ви се залепиле.
3. Брзо и внимателно налејте од тестото така што ке формирате прстен од тестото околу кофтето. Не ги прекривајте кофтињата со тестото.Формата за мафин треба да ја наполните до 1/3 од висината.
Доколку ви е полесно, извадете ги па одкако ке го исипете тестото во формата - пропуштете го кофтето.
4. Вратете ги во рерната и печете ги уште 25 мин. - додека се вцрват(лесно ке го забележите тоа дека тестото е печено).
Совет - Врз веке образуваните и испечени тестени чашки со кофте доколку сакате можете да ставите по малку и кечап при служењето. Вкусни се топлички, но ништо помалку вкусни и оладени, па ако сакате - и наредниот ден.
Вака приготвените кофтиња во тестени чашки се многу ефектни. Читајки го рецептот изгледа како да е малку покомплицирано - но не е, припремата им е многу лесна.
Драги пријателки, овој рецепт не е мој, добиен од пријателка, но веке долго време се наога на топ листата во мојата кујна.
Топло ви го препорачувам.
Лиценца: Сите права се задржани
па не е нормално некој вака да готви. вонземајени ли те пратиле? :) :) :) :)
не се подметачи, силиконски калапчиња се. во нив печам се', а и полесни се за миење од металните калапи за мафини :)
за послужување само во тањир ги фукнав, ме мрзи да декорирам, безидејна сум на тоа поле :) :) :) :)