Во тава ставете маслиново масло и додајте ги сецканиот кромид, лук и ситно ренданиот морков. Кратко пропржете и додајте го месото. Пржете додека месото ја промени бојата и додајте го оризот и магдоносот.
Зачинете со мешан сув зачин, црн бибер, налејте малку топла вода и оставете на тивко да крчка. На крај додајте го доматниот сос и оставете ја тавата на оган уште 2-3 минути.

Тиквичките исечете ги на четвртинки и отстранете го внатрешниот дел.
Ставете ги во тава, посолете ги, попрскајте ги со по малку маслиново масло, и налејте малку вода. Затворете ја тавата со капак и динстајте додека тиквичките омекнат.
Секоја тиквичка наполнете ја со смесата и вратете ги во тавата. Врз секоја четвртинка тиквичка ставете парчиња чаден кашкавал.
Поклопете ја тавата со капак и на не многу јак оган оставете ја тавата сосема малку, колку да се подрастопи кашкавалот.

Послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани