Динстани шницли со печурки во бело вино
1. Шницлите се валкаат во брашно, едно по едно парче и се пропржуваат во врело масло во подлабок сад. Се пржат шницлите многу малку, колку да не бидат живи и се тргаат настрана во чинија.
2. Откако ќе се испржи целата количина, се ставаат печурките на врелото масло да се пропржат малку.
3. Врз испржените печурки се додава 1 лажица брашно и се промешува. 4. Во садот на огинот, врз испржените печурки, се враќаат шницлите и се се промешува заедно.
5. Се додава виното.
6. Се додава вода колку да се залеат шницлите, се покрива со капак садот и се остава да динста некаде околу 1час да омекне месото. Повремено се промешува.
7. Постепено испарува течноста и она што ќе остане се згуснува од брашното, а тоа е сладок сос од бело вино, кој е одличен додаток за меките динстани шницли.
8. Се сервира и се декорира по желба. Јас го декорирав само со гранчиња магдонос, бидејќи неговиот прекрасен вкус мислам дека нема потреба од никакви додатоци !
..............Пријатен апетит на сите кои ќе го дегустираат!
Лиценца: Сите права се задржани
Ручекот одличен...