Мојот омилен ручек...
Подготовка
1. Бабурите убаво ги миеме и им ги одстрануваме дршките и семето во внатрешноста.
2. Кромидот ситно го сецкаме и го ставаме во тава за пржење со малку масло. Тиквичката ја рендаме и неа ја додаваме заедно со кромидот да се пропржи. Меленото месо го пропржуавме десетина минути на тивок огин. Оризот предходно исчистен и измиен го додаваме во смесата и него го пржиме. Смесата ја тргаме на страна и ги додаваме црвениот пипер, буковецот, ориганото, магдоносот, биберот и мешаниот зачин. На крајот откако добро се ќе се измеша го додаваме едното јајце и повторно убаво мешаме.
3. Сите бабури ги полниме со смесата и врз нив посолуваме малку брашно да не ни излегува смесата подека се крчкаат. Доколку сакате може да ги затварате бабурите со компир, тиквичка или домат.
4. Бабурите ги ставаме во делимано мала ростер тава. Налеваме околу литар и половина вода. Пиперките ги покриваме со фолија и печеме еден час на 200степени.
5. Во тава за пржење сипуваме малку масло и ставаме две лажички брашно. Пржиме кратко и го додаваме црвениот пипер. Тавата со бабурите ја вадиме запржуваме и печеме уште половина час.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани