21
јан
2016
Полнети бабури со сирење
Овие бабурчиња прв пат ги правам и сега за Божик ги пробавме и испаднаа прва лига. Значи ептен добри и за вкус и за око. Убавини. Затоа сакам да го споделам со вас за да се зачува овој одличен деликатес.
Најпрво се прави солилото. Сите состојки се ставаат во тенџере и се зоврива.Така со жешкото солило се прелеваат исчистените бабури. Во солилото стојат 24 часа. другиот ден се истура солилото и се полнат бабурите со урда-изварка и се редаат во тегли заедно со сечканиот магданос и се налеваат со масло.(отприлика 1 литар за двете тегли)
ПС-Изварката треба да не се посолува. И наредната година правам тродупла мера.
Лиценца: Сите права се задржани