Полнета хокаидо тиква со мелено месо и ориз
Подготовка:
1. Ставете го оризот да се свари „ал денте“ и потоа исцедете го од водата.
2. На тиквата и се отсекува дршката која покасно ќе ни служи за капаче. Се чисти внатрешноста и мал дел на почетокот, за да се оформи отворот.
3. Кромидот и морковот, сечкани, се пржат со меленото месо. Кога ќе испржат, се зачинуваат и им се додава доматното пире. Потоа се додаваат оризот и парчињата тиква од чистењето и на крај кашкавалот, кој може да е рендан или исечкан на коцки или листови. Со овој фил се полни тиквата и одозгора се затвора со капачето, т.е. отсечената дршка.
4. Се става во тепсија, во која се налева 100мл доматно пире или се сечкаат 2 домати и се пече на 180С, со вентилатор, додека не омекне тиквата. Проверете со чепкалка. Времето отприлика половина час. Во текот на печењето, покријте ја тиквата со фолија, за да не изгори или тоа направете го на почетоткот, па пред крај извадете ја да само да запече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
љубинче се ова исто и замене важеше пред да го направам :)
и треба да се проба ;)