Испечати

Полнета хокаидо тиква со мелено месо и ориз

Полнета хокаидо тиква со мелено месо и ориз

Состојки

  • 1 (600-700гр) хокаидо тиква
  • 200 гр мелено месо
  • 50 гр ориз
  • 1 многу мала глвица кромид
  • 1 мало морковче
  • сол, сув зачин, пимент, италијански зачин
  • 100 мл доматен сос
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Подготовка:

1. Ставете го оризот да се свари „ал денте“ и потоа исцедете го од водата.

2. На тиквата и се отсекува дршката која покасно ќе ни служи за капаче. Се чисти внатрешноста и мал дел на почетокот, за да се оформи отворот.

3. Кромидот и морковот, сечкани, се пржат со меленото месо. Кога ќе испржат, се зачинуваат и им се додава доматното пире. Потоа се додаваат  оризот и парчињата тиква од чистењето и на крај кашкавалот, кој може да е рендан или исечкан на коцки или листови. Со овој фил се полни тиквата и одозгора се затвора со капачето, т.е. отсечената дршка.

4. Се става во тепсија, во која се налева 100мл доматно пире или се сечкаат 2 домати и се пече на 180С, со вентилатор, додека не омекне тиквата. Проверете со чепкалка. Времето отприлика половина час. Во текот на печењето, покријте ја тиквата со фолија, за да не изгори или тоа направете го на почетоткот, па пред крај извадете ја да само да запече.