Полнета векна (пилешко, шери домати и моцарела)
Растворете го квасецот со малку топла вода, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете да нарасне.
Во подлабок сад ставете го брашното, додајте го нараснатиот квасец, маслото и остатокот од водата.
Почнете да месите.
Откако брашното ќе ги прими водата и малото додајте ја солта.
Продолжете со месење.
Покријте го тестото со крпа и оставете да стаса.
Стасаното тесто премесете го и поделете го на 2 топки, кои ќе ги оставите да стасаат(околу20 минути).
Пилешките гради исечете ги на мали парчиња. Посолете ги и наросете црн бибер.
Измешајте и посипете ги со брашното.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги парчињата пилешко.
Пржете додека ја промени бојата, па додајте го соја сосот.
Пржете уште малку додека подомекне.
Моцарелата исечете ја на парчиња, а шери доматите на кругови.
Од секоја топка тесто развлечете со сукало правоаголна кора.
Премачкајте со разматените жолчки измешани со растопениот путер.
Одозгора наредете од шери доматите, моцарелата и пилешкото.
Посипете со оригано и завиткајте ги во ролат.
Векните ставете ги во плех обложен со хартија за печење и засечете ги во должина.
Премачкајте ги со разматените белки и посипете со сусам.
Пред печење оставете ги 10-20 минути да постојат.
Печете на 200 степени, 25 минути.
Испечените векни покријте ги со крпа и оставете ги да подоладат, а потоа гостете се.
Лиценца: Сите права се задржани