Полжавчиња од бело и ржано брашно со праз
Прво на загреано масло се пропржува сецканиот праз.
Се трга од оган да подизлади, па се додаваат јајцата и зачините.
Се промешува.
На страна во вангличка се ставаат млаката вода, квасец, шеќер и малку брашно.
Нека втасува 10 минути.
Потоа се додаваат останатите состојки.
Се замесува средно меко тесто.
се дели на 12 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка.
6 корички се премачкуваат со маргарин.
Врз нив се става по 1 ненамачкана коричка.
Значи имаме на 6 места по 2 корички.
Од секое парче се сука елипсовидна форма, се става од филот и се витка ролатче, па полжавче,
Се редат во плех, на секое парче се става по 10 гр маргарин, киснат 15 минути и се печат 30 м на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани