Традиционално зимско јадење, го обожаваме.

Подготовка:

1. Две коленици се варат со сол, ловоров лист, црна пипер во зрно.
2. Главицата црвен кромид ситно сецкан, се пржи на салото. Додавам малку сол.
3. Главица зелка се дроби и се додава во кромидот. Се динста со покриен капак околу 30-40 мин. додека убаво омекне зелката, со повремени мешања. Повремено додавам вода и тоа од водата во која се вареше коленицата, околу 200 мл. По потреба зачинувам со мешан сув зеленчук, мелен црн пипер и малку црвена, а и не мора. Убаво се меша да се изедначи.
4. Потоа во намрсен земјен сад или тава, ставам дел од зелката, исечкани, потпечените црвени суви пиперки и потпечено суво луто пиперче, 2-3 ловорови листа, гранче рузмарин. Го редам местото и покривам со остатокот од зелката. Налевам уште 200 мл.од водата од коленицата.
5. Покривам со капак и во добро загреана рерна 1 час, потоа откривам и уште толку време колку треба убаво да запечи, да добие боја. Одвреме-навреме го протресувам садот, без мешање. Го готвев во шпорет на дрва, а во електрично на 200.

п.с.Понекогаш додавам и чадено свинско месо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани