30
јул
2020
Погача со пециво и шери домати
Користена е чаша од 200 мл
Може да се додаде сецкано сирење, сецкани маслинки...
Многу е брза, кревка и мека погачава.
Во вангличка ги ставаме јајцата солтта, биберот и матиме смесата да побели.
Со исклучен миксер додаваме масло, јогурт, па просеани пециво и брашно.
со шпатула убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во тава бр 24, обложена со хартија за печење.
декорираме со шери домати, магдонос, сусам, лен
Јас танко премачкав и со јајце одозгора.
Печиме на 190 соколу 30 минути.
Ја оставаме погачата да се излади па ја сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани