Многу мека и вкусна погача е мојот денешен предлог

Подготовка:

1. Прво го подготвуваме филот. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот праз. Тргаме од оган, па додаваме дробено сирење, јајце, сол, бибер. Млекото го загреваме, додаваме шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.

2. Во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, масло, кисело млеко и убаво соединуваме. Додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и го оставаме 15 минути да одмори.
Потоа го делиме на топчиња. Отприлика од 12 до 14,во зависност колку сакаме да ни се големи триаголниците.

3. Секое топче го расукуваме во мало кориче. Ставаме од подготвениот фил по едно полно лажиче.
Завиткуваме во форма на триаголник. Така подготвени ги ставаме во тава бр 26 или 28. Оставаме на топло 10 минути, премачкуваме со јајце, наросуваме сусам.

4. Печиме околу 30 минути во загреана рерна. Исечената погача ја оставаме на решетка да се подизлади, па ја сервираме со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани