27
јан
2013
Плескавици од ориз и компири
Оризот се вари.
Компирот исто така.
Се соединува оризот со компирот, кој предходно сме го испасирале.
Потоа додадете ги ситно исечканиот кромид и лук.
Додадете ги и изренданите моркови.
Посолете и забиберете.
Оформете плескавици и извалкајте ги во презла.
Пржете ги на врел зејтин.
Откако ќе поруменат, извадете ги и оставете ги на кујнска хартија.
Сервирајте ги топли.
Добар Апетит!
Мал совет..изпржете ги добро од едната страна, пред да ги свртите...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ти си еден од нашите поискусни, поредовни готвачи и не сакавме ваков прекрасен рецепт да остане незабележан, но треба да споменеме дека фотографијата може да биде појасно видлива. Доколку имаш друга фотографија, можеш да ни ја испратиш и ќе ја замениме или ако ги приготвиваш повторно овие плескавици фотографирај ги и испрати ни фотографија на ФБ или на мејл.
Поздрав :)
МоиРецепти се извинувам за квалитетот на сликата, се мораше да биде брзо и топло....и на време поставено за Бадниковата вечер...и сликав со мобилен..немам подобра фотографија за жал :(..да пробам да ви ја пратам повторно...
Поздрав.