Плескавици од ориз и компири
Состојки
- 1 чаша за млеко варен ориз
- 1 чаша за млеко пире од компири
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 моркова
- 3 лажици презла
Подготовка
Оризот се вари.
Компирот исто така.
Се соединува оризот со компирот, кој предходно сме го испасирале.
Потоа додадете ги ситно исечканиот кромид и лук.
Додадете ги и изренданите моркови.
Посолете и забиберете.
Оформете плескавици и извалкајте ги во презла.
Пржете ги на врел зејтин.
Откако ќе поруменат, извадете ги и оставете ги на кујнска хартија.
Сервирајте ги топли.
Добар Апетит!
Мал совет..изпржете ги добро од едната страна, пред да ги свртите...