1. Во сад со миксер се меша шеќерот во прав и маргаринот со сокот од половина цеден портокал.
2. Кога ќе се соедини смесата се додаваат бананите сецкано за да се измиксаат полесно, малку рум и арома-ванила.
3. Во сад на мн. тивок оган или на пареа се топи чоколадата и се додава во смесата, потоа се додаваат плазмата и оревите и сето тоа се меша со лажица додека да се добие еднолична смеса.
4. Во правоаголен долгнавест сад обложуваме со најлон кесичка (може од замрзнувач така средна големина за да ја опфатиме убаво подлогата и да ни останат краевите на кесичката надвор.
5. Ставаме од смесата во садот околу 1 цм. дебелина, потоа редиме врз неа бисквити, повторно смеса со иста дебелина, па пак ред бисквити и на крај завршуваме со смесата. Виткаме со краевите најлонче што ги оставивме да висат и садот го ставаме во замрзнувач едно два до три часа убаво да се стегне.
6. Кога ќе се стегне фаќаме за најлончињата и го префрламе во сад за ролат, (и го вадиме најлончето) торта или соодветно нешто што имате за таа намена.
7. Матиме шлаг пена, мачкаме ставаме во фрижидер и по половина час сечеме и лапкаме вкусна тортичка .)

Совет
Земете погорчлива чоколада за готвење, на пр. јас што ја имав ја купил сопругот и беше прилагодена и за јадење, па беше малку поблага од вообичаено + ставив малку повеќе сок од портокал оти ми личеше на вкус блага, па малку повеќе ми омекна составот на ролатот значи половина цеден сок од портокал е сосем доволно нема потреба од повеќе. Се надевам ќе ви се допадне. Бон апетит .)

Лиценца: Сите права се задржани