Пита со карфиол и јогурт
Од состојките за тесто се меси мазно тесто и се остава да скисне околу 30 мин. За тоа време се подготвува филот.
Карфиолот се кине на мали цветчиња и се става да се вари во посолена зовриена вода 4-5 мин. Се цеди од водата и се остава да олади.
Во еден сад со вилушка се матат јајцата. Се додава југуртот, кашкавалот, солта и кари зачинот. Се мешаат да се изедначат.
Стасаното тесто се премесува и се дели на еден поголем (3/4) и еден помал дел(1/4).
Од поголемиот дел на набрашнета површина се сучи кора поголема од тепсијата за да направите и витка.
Кората се става во тепсија бр. 40 намачкана со масло. Над неа се распоредува карфиолот и се прска со масло. Над карфиолот со лажица подеднакво се става од смесата од јогурт.
Од вториот дел тесто се сучи кора, се става над филот и се прска со масло. Рерната се загрева на 200 степени. Се става да се пече околу 30-40 мин.
Печена се прска со малку вода и се покрива малку да омекне.
Се служи топла со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани