Ова е Молатски специјалитет, а рецептот прилагоден од оригиналниот рецепт на г-ѓа Сенка Јович од островот Молат.
Вашето непце долго време ќе го памети овој спој на вкусови, незаборавно нешто, повелете како да си го спремате овој специјалитет ..
ПРИПРЕМА НА ТЕСТО
1. Пенесто изматете путерот/маргаринот со шеќерот, ванилата и наренданата кора од лимон.
2. Наизменично додавајте го брашното измешано со пецивото и јајцата, измешајте, додадете ја киселата павлака и повторно измешајте да добиете хомогена смеса.
3. Префрлете го тестото на побрашнета површина и домесето го, замотајте во пластична фолија, оставете го во фрижидер да одстои најмалку 2 часа.

ФИЛ
1. Зовријте го млекото со шеќерот и ванилата, за кратко тргнете од огнот - додадете го гризот, измешајте го и вратете на огнот да го доварите.
2. Тргнете од огнот и додајте го рогачевото брашно измешано со ренданата кора од лимон и портокал, оставете малку да олади по што се додаваат путерот/маргаринот и јајцата. Измешајте.

Завршниот дел од колачот
1. На фолија расукајте го тестото, а на површината додека го суката ставете посип од брашно за да не ви се залепи за оклагијата - сукалката. Расукајте кора во големина на модлата од 26 см. а висина најмалку од 5 см., Намотајте ја кората на оклагијата и лесно префрлете ја во модлата постилајки го дното, а од страните подигнете го тестото да направите зид. Вишокот од тесто тргнете го настрана.
2. Врз кората наредете ги исечени на кругови смоквите (или намачкајте го мармаладот), прелијте го филот, порамнете и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 170 степени.
3. По 20 мин, од печењето извадете го колачот, од остатокот на тесто напрвете траки, наредете ги врз колачот, по желба премачкајте со жолчка, а и не мора, вратете назад во рерната да се допече за кое нешто е потребно уште 20 мин.

Послужете со топол напиток и посакувам да во тој момент навистина уживате!
НАПОМЕНА
Наместо путер слободно користете и маргарин. Искористете ја сега можноста додека има свежи смокви, а во зима ќе ги замениме со мармаладот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани