19
јул
2013
Рогач палачинки
Јајцето, брашното, мелениот рогач и млекото убаво изматете ги. Додадете ги циметот, какаото, медот, кафеавиот шеќер. Убаво матете додека не добиете хомогена смеса од сите состојки. Пржете ги нормално како стандардни палачинки на убаво загреано тавче за палачинки. За филот растопете црно чоколадо на пареа, во него додадете го намазот од рогач и мелениот бадем. Премачкајте ги палачинките со овој фил а врз него ставете тенок слој нутела. Завиткајте ги палачинките и послужете ги. Добар Апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мене ме интересира намазот од рогач... Каде го купуваш? Во продавница за здрава храна кај нас го има?