Пилешко со компир
Подготовка. Компирот изрендајте го и осолете оставете да постои малку, па истискајте ја течноста. Кромидот попржете го во малку масло со сланината исецкана на коцки но не многу. Лебот полијте го со малку млеко да омекне, потоа истискајте го од млекото и додадете кај ренданите компири додадете ја и испржената сланина со кромидот, исецканите лукчиња јајцат зачинетеи измешајте ја смесата. Во тавата во која ке се печат премачкајте ја со путер и расплескајте ја смесата одозгора додадете ги надкопаните претходно зачинети, наредете ги со кожата надолу на секој надкопан ставете мало парче путер.
Печете на 200 степени кога малку ќе се запечат превртете ги надкопаните со кожата нагоре и оставете да се испечат до крај.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови