15
мај
2020
Пилешко во сос од кикирики
Пилешкиот стек го сецкаме на коцки.
Го префрламе во тава и попрскуваме масло.
Го пржиме на тивко. Во друга тава ги пржиме печурките.
Ги кршиме кикириките врз печурките и пропржуваме уште кратко.
Ги враќаме во тавата кај пржениот стек.
Зачинуваме со црн бибер и сол.
Полеваме со неутрална павлака и промешуваме.
Оставаме така да прокрчка на тивко околу 5 минути.
Сервираме и декорираме со свеж магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови