30
ное
2014
Пилешки стек во кари сос
Прво запржете го кромидот исецкан на долги ленти, па додадете го пилешкиот стек исецкан на коцки. Во пржењето додадете ги исецканите печурки. Потоа додадете една чаша вода со исцедениот пола лимон во неа и оставете да се динста околу 30-тина минути. Додадете ги зачините.
На страна измешајте 2 лажици брашно, со 100 гр. млеко и 200 гр. павлака. Пред да го тргнете месото од оган, додадете ја оваа смеса, промешајте и оставете да прокрчка уште 2-3 минути.
Јас во прилог додадов пире, а вие послужете како сакате.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови