Пилешки стек во кари сос
Состојки
- 500 гр. пилешки стек
- 1 главица кромид
- 500 гр. печурки
- пола цеден лимон
- зачини мешан сув зачин, оригано, црн пипер, кари, по желба и пола лажиче црвен пипер
- 2 лажици брашно
- 100 мл. млеко
- 200 мл. кисела павлака
Подготовка
Прво запржете го кромидот исецкан на долги ленти, па додадете го пилешкиот стек исецкан на коцки. Во пржењето додадете ги исецканите печурки. Потоа додадете една чаша вода со исцедениот пола лимон во неа и оставете да се динста околу 30-тина минути. Додадете ги зачините.
На страна измешајте 2 лажици брашно, со 100 гр. млеко и 200 гр. павлака. Пред да го тргнете месото од оган, додадете ја оваа смеса, промешајте и оставете да прокрчка уште 2-3 минути.
Јас во прилог додадов пире, а вие послужете како сакате.
На здравје