Пилешки подкопани со слатко-кисел вкус
Имав 6 пилешки поткопани.
Направив два вида на оброк.
Еден, стандарден, пилешки подкопани на ориз и поткопани со слатко - кисел вкус.
Мене ми беше многу вкусно, оваа 2 верзија, несекојдневно и убаво јадење.
Ќе поставам рецепти и за двете подготовки.
1. Пилешки подкопани со слатко-кисел вкус
Прво подгответе го слатко, киселиот сос, ставајки кечап, џем, соја сос, оцет, маслиново масло и ѓумбир во мала чинија.
Измешајте сè добро и оставете го на страна до употреба
Измиените поткопани убаво со четка се премачкуваат со веќе подготвената маринада.
Ги оставаме во фрижидер да одстојат 1 час.
Загрејте лажица масло во тава и додајте ги подкопаните и испржете ги од двете страни да заруменат.
Потоа ставете ги во сад и во загреана рерна на 200 степени, печете ги околу 20 минути.
По 20 минути, извадете ја тавата од рерна и премачкајте го пилешкото со остатокот од сосот.
Ставете сè назад во рерна уште 10 минути,
Сервирајте со прилог по ваш избор, кај мене беше ориз.
2. Пилешки подкопани на ориз
На загреано масло прво се пропржуваат сецканиот кромид и морков.
Потоа се додава исчистениот ориз
Се зачинува по вкус. Се запржува уште 2-3 минути, односно додека оризот не застакли.
Врз испржениот и зачинет ориз се редат сварените пилешки поткопани,и се додава вода или бујон, во сооднос 1:3 (1 мера ориз, 3 мери течност)
Се става во рерна да се крчка на тивко, односно да испари течноста.
Лиценца: Сите права се задржани