1. Пилешкиот стек се става парче по парче во Делимано сецко, се мели и се става во подлабок сад.

2. Во садот се додаваат и пиперките исечени на коцки, ситно сецканиот кромид и лук, кашкавалот, јајцето и зачините и се заедно се меша.

3. На крај се додаваат маслиново масло и лебни трошки со коишто се формира смесата за плескавици.

4. Со намрсени раце се зема од смесата и се формираат плескавици со големина по желба.

5. Плескавиците се пржат во грил тава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани