Дозата не е ограничена. Можете да подготвите колку сакате.
Се печат пиперките и убаво им се отстрануваат семките. Не се цепкаат туку останува пиперката онака како што е цела. Потоа се оставаат да се исцедат и се потопуваат во оцет. Oцетот треба да ги покрие пиперките. Така прелеани стојат околу еден час, а потоа се прецедуваат од оцетот.
Маслото го загреваме и ги редиме пиперките да се пржат. Превртуваме да ги фати топло од двете страни. Постапката е многу брза, нема потреба од долго пржење. Јас додека ги наредив сите, се вратив на првата да ја превртам. Потоа дирекно од тавата ги редиме пиперките во тегли.
Ставам 5 пиперки па посолувам и попрскувам магдонос и лук. Постапката ја повторувам со сите тегли додека има пиперки. На крајот се става лукче и магдонос, секако и јадра сол, а теглите се дополнуваат со маслото во кое ги пржевме. Ако не ви стаса масло дирекно од шишето доставете.
Нека истинат теглите и затворете ги. Можете да користите и целофанче наместо капак на теглата. Рецептава нема стандард мерки. Оди се така од приликиа, освен оцетот кој мора да ги покрие пиперките.
Веќе имате готова слатичка за во зимо. Многу е вкусно пробајте го.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови