16
мар
2015
Печени макарони во јогурт
Изматете ги јајцата со жица. Додадете го јогуртот, маслото и газираната вода. Ако немате, можи и обична.
Потоа додадете ја изварката и зачинете. Измешајте се убаво.
Попрскајте со масло огноотпорен сад 25х35 и во него распоредете ги макароните. Врз нив полека истурете ја припремената смеса.
Кој сака можи да додаде и ситно сецкан спанаќ или блитва. Јас тавата ја направив троврсна. Во 1/3 додадов ситно сецкан спанаќ, во другата мини пилешки ќофтиња кои ги имав предходно во доматен сос (да се искористат, да не се фрлат, одлично се вклопија), а третата ја оставив така.
Печете во загреана рерна од 200 С 20-25 мин. Потоа намалете на 180 и печете уште 20на мин.
Лиценца: Сите права се задржани
Ние одлично си се најадовме, дури и остана некое парче за гостинчиња на дечките, па пред заминување си посакаа и рецепт за дома :)
Вале, и јас сакав од сите три да пробам :) секое на свој начин допринесуваше на вкусот :)