Печени лебчиња
И ова е еден од оние рецепти што се наоѓаат кога имаме вишок леб и состојки кои сакаме да ги искористиме, што значи комбинациите пак остануваат по желба.
1. Припремете ги сите состојки кои ќе ги користите.
2. Загрејте ја рерната на 220 степени.
3. Во длабок сад изматети ги јајцата и додадете сол и зејтин. Доколку ви се многу големи јајцата можете и со три да ги натопите сите лебчиња.
4. Секое парче леб го ставаме во смесата од јајца, го валкаме од двете страни и го ставаме во плекче обложено со хартија. Постапката ја повторуваме додека имаме кришки и јајца.
5. Ставете ги во фурна само 5 минути за да фати коричка јајцето и извадете го плекчето.
6. Почнете да ги редите состојките како вам ви одговара. Јас почнав со кашкавалот, сувомеснато, печурки, моцарела, кечап и зачини. Комбинирајте по ваша желба, но моцарелата секогаш да биде над сите состојки.
7. Вратете го плекчето назад и печете уште 10 до 15 минути.
8. Извадете ги и може веднаш да ги послужите. Кората од лебот има крцкав вкус, а средината е мека. Или ако сакате целосно да ви се меки, оставете ги покриени со ќеса.
На здравје!
Во овој случај јас користев грахам кришки зошто поубав вкус ми има, а и зошто најчесто тој се наоѓа дома. Доколку користите кришки од бело брашно внимавајте да не е премногу тазе зошто го нема истиот шмек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови