Наједноставен начин за подготовка на риба, поедноставен ми се чини дека нема.
На овој начин може да подготвите било која цела риба. Кај мене овој пат изборот беше - пастрмка.
Рерната загрејте ја на 225 степени. Решетката за печење ставете ја во горната третина од рерната. Во тавата во која ќе печете ставете малку зејтин, минимално колку да го покрие дното на тавата.
Магдоносот измијте го и одстранете му ги рачките. Лукчињата исчистете ги и исечкајте ги на четвртинки.
Ако рибата е замрзната најпрво одмрзнете ја, потоа измијте ја под млаз ладна вода и исушете ја со кујнска хартија. Посолете ја внатре и од надвор, најубаво со крупна сол (јас овојпат немав па и обичната, ситна кујнска сол заврши работа). Рибите наполнете ги со магдонос и лук. Извалкајте ги убаво во брашно и редете ги во плехот.
Се печат од секоја страна по 15 минути.

Напомена
Секоја рерна различно пече, затоа надгледувајте го печењето, можеби ќе треба температурата да ја регулирате или времето на печење да го продолжите/скратите.
Не ставајте многу зејтин во тавата инаку рибата наместо да се испече, ќе се вари во зејтин.
Рибата може да ја наполните со вашите омилени зачини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани