4
мај
2020
Печена пастрмка со зеленчук
Пастрмката убаво исчистена и измиена ја посолуваме внатре и однадвор и ја ставаме во тава во која ќе ја печеме. Посипуваме врз неа зејтин (околу 3 лажици). Ја засекуваме на неколку места и таму ставаме половина чешне лук. Зеленчукот го сечеме на парчиња и го ставаме околу рибата. Полеваме со сок од 1 лимон и со белото вино и поросуваме со свеж магдонос. Рибата ја ставаме да се пече на 200 степени околу 45 минути.
Во мегувреме го подготвуваме сосот. Лукот го толчиме со 1 лажица сол. Додаваме свеж магдонос и пак толчиме. Потоа додаваме сок од лимон,оцет и маслинов зејтин. Со сосот ја полеваме рибата пред служење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови