Подготовка:

1. Пастрмките ги мијам,чистам и од вечер ги ставам во пиво. Ги затварам со најлонска фолија и оставам да преноќат во фрижидер. Пред готвење ги вадам и ги посолувам убаво од сите страни.
2. Во друг сад мешам ореви, лук и магдонос, па на секоја од пастрмките иm ставам по една лажица во внатрешноста. Благо ја распоредувам на секаде, па ги редам една до друга риба, во тава за печење. Ставам малку од пивото во кое стоеше рибата и тавата ја оставам во рерна 40 минути без да ја превртувам рибата.
3. После40 минути ја исклучувам рерната и оставам така уште 5 минути. Секоја риба полека со шпатула ја вадам од тавата и ја сервирам со останатите состојки што ги набројав (компир, зелена салата, шери патлиџанчиња и мојот омилен црвен кромид.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови