Перециве најчесто ги правам за син ми бидејќи секогаш им се радува и со задоволство ги јаде. Рецептот е едноставен,  а и лесни се за подготовка.
1. Квасецот растопете го во млако млеко, додадете го шеќерот и 1 лажичка од брашното. Убаво измешајте и ставете да надојде.
2. Во длабок сад измешајте го брашното со солта, па налејте го и зејтинот. Додадете го и стасаниот квасец.
3. Постепено налевајте од водата и замесете меко тесто кое нема да се лепи за рацете додека го месите. Убаво изработете го тестото и вратете го во садот и оставете да стаса.
4. Поделете го тестото на 10 топчиња. Од секое топче исукајте долги стапчиња и оформете ги како переци. Ставајте ги во намастен плех за печење и оставете да стасаат.
5. Вклучете ја рерната на 200°.
6. Откако переците стасале, премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат вкупно околу 20 минути.
7. За премазот измешајте го брашното со солта, додадете ја ладната вода со постојано мешање со жица за матење. Треба да добиете густа смеса како за палачинки.
8. При крајот од печењето на переците ставете им од преливот и оставете ги да се допечат.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани