Переци - соленки
Ова е рецепт од тетратката на мајка ми.
Нема прецизни мерки, начин на подготовка и печење како во другите мои рецепти. Ама испаѓаат многу вкусни, ситни перечиња, за подгрицнување, тука и таму, кои верувам ќе ви ги бендисаат. Начинот на чување е едноставен, во хартиена кеса или во чинија на маса.
Салото пенесто изматете го со миксер, додајте го ренданото сирење и пак матете. Додајте го јајцето и изматете да се соедини добро. Додајте го постепено млекото, непрестано матејки. Додајте го изронетиот квасец, 3 лажици брашно, изматете и оставете да отстои, некаде половина час.
Додајте го преостанатото брашно, замесете меко тесто кое не се лепи за рацете и подлогата. На сосем лесно набрашнета подлога правете тенки врвци од тесто со дебелина 3 - 5 мм и формирате мали перечиња или расукаје кора и вадете ги со калпче. Наредете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Премачкајте ги перечињата со разматено јајце, посипете ги со ким и сол и печете ги додека да заруменат.
Чувајте ги во хартиена кеса. Стојат долго свежи и крцкави, како тогаш спремени.
Лиценца: Сите права се задржани
Koga ke gi pravam sekako ke se odlucam za varijantata so sukanje ,mislam deka pereceto treba da bide sukano ,nikako so kalapce ,mi doaga nekako kako krekerce....