Пекмез од кајсии и морков
Морковот убаво се вари и се меле низ машина за месо или се ситни во блендер.
Кајсиите се мијат и се чистат од семките. Убаво се ставаат да се исцедат во решетка, а потоа се редат во шерпата во која ќе се варат,
На дното се става еден ред кајсии, па се посипува со шеќер. Пак се реди ред кајсии, ред шеќер, се ставаат морковите и се наросуваат со шеќер. Се продолжува исто додека се потрошат и кајсиите и шеќерот.
Така наредени се оставаат преку ноќ да испуштат од сокот.
Утреденте шерпата се става на оган и се вари мармаладот околу 1 час. Се меша постојано и на 10 минути пред да се извади се миксира со миксер да се иситнат кајсиите.
Значи шерпата се трга од оган и настрана се миксира, а потоа се враќа и се доварува уште 10 минути.
Мармаладот се собира врел во врели тегли .
Овој мармалад има убава јака боја и погоден е за колачи, палачинки, намаз....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела