Подготовка
1. Компирите се варат и се лупат, се сечат на кругови по должина со дебелина од 5 милиметри и се редат во намрсена тава со маргарин
2. Компирите се премачкуваат со малку масло за јадење (а може и со маргарин) и се посипуваат со малку црвен пипер
3. Врз нив се реди сланина исечкана на коцки, кашкавал исечкан на коцки, по пола лажиче урда и се наросуваат со сушен босилек
4. Се печат околу 20 мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани