Подготовка:

1. Младите компири убаво се мијат и се сечат на четвртини. Се ставаат во солена зовриена вода и треба да вријат 5 минути. Се вадат од течноста, се мијат со ладна вода, се процедуваат и се тргаат на страна.
2. Во еден подлабок сад се става зејтинот, се додава ситно сечениот лук и сите зачини . Се меша. Кон оваа зачинска смеса се додаваат компирите и се мешаат.
3. На хартија за печење се редат компирите и се печат на 180 степени околу 20 минути додека да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови