Прво се остава квасецот со шеќерот и млекото да ватасаат, па се додаваат останатите состојки, се замесува средно тесто и се дели на 40-50 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка по должина, на крајот се засекува со ножот 4-5 пати, но не до крај и се виткаат кифли.
Се редат во плех, се премачкуваат со изматено јајце, се наросуваат со сусам, се става по едно парченце маргарин, киснат 20 минути и се печат на 200 степени окулу 20-30 мин, зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани