Кифли со квасец и пециво
Измешајте го сувиот квасец во млакото млеко заедно со шеќерот и оставете го пет минути да се стопи. Потоа додајте ги останатите состојки и измесете убаво, мазно тесто. Изудирајте го десетина пати од работната маса и оставете го да се одмори десетина минути. Поделете го на парчиња со големина по ваша желба, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат големи кифлите. Јас направив 40 парчиња.
Расучете ги овално, на едниот крај ставете од филот, другиот крај пресечете го три-четири пати, завиткајте ја кифлата и ставете ја на плех обложен со хартија.
Откако ќе ги формирате сите кифли, прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги да киснат отприлика час и половина.
Одозгора премачкајте ги со јајце, наросете сусам. Маргаринот растопете го и со мало лажиче прелијте ја секоја кифла.
Печете во загреана рерна на 200 степени додека не заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови