Пеглани пиперки
1. Пиперките ги чистиме од дршките и семките од внатре, ама остатокот од пиперката треба да ни остане цел.
2. Морковот ситно го рендаме.
3. Лукот го чистиме и ситно го сечкаме, како и магдоносот.
4. Сите состојки ги соединуваме и со смесата ги полниме пиперките. Ако ни остане од смесата, ставаме врз пиперките.
5. Ги редиме во еден сад врз кој ќе може да ставиме нешто тешко. Вака се оставаат да отстојат 24 часа, при што ќе пуштат од сопствениот сок.
6. Ги ставаме во тегли и залеваме од течноста.
Забелешка
Тешкото во овој случај беа теговите на син ми *-)
Ако ви е полесно сечкањето може да го направите и во сечко. Јас овој пат уживав во подготовката, па си сечкав со нож. Од оваа доза излегуваат две тегли од 3 кг и една од 750 гр.
Лиценца: Сите права се задржани
moze i so ocet.Jas redovno gi pravam po ovoj recept i sekogas se super.