10
сеп
2021
Паста со песто и крема од бурата
Едноставно, брзо и мноогу вкусно. Комбинација на песто и бурата е одлична и за подготовка на брускети. Бурата е вид на сирење.(Види во дополнителни слики). Доколку не може да најдете може, иако нема да биде исто, да ја замените со страчатела.
Подготовка
1. Во солена зовриена вода ставете ја пастата да се вари. Откако ќе се свари, исцедете и измешате ја со пестото.
2. Крема - Искинете ја буратата на парчиња и ставете ја во сад за блендирање.
Додајте го маслиновото масло, сол, бибер и по потреба од водата во која се вари пастата. Изблендирајте со рачен блендер до посакуваната густина.
Во чинија за сервирање ставете од пастата и одозгора од кремата.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани
Dzirni vo toa Vero-to mozno e i da ima.