Испечати

Паста со песто и крема од бурата

Паста со песто и крема од бурата

Состојки

  • За подготовка на пастата
  • 320гр. лингуини (или друга паста по ваша желба)
  • 130гр. песто
  • по потреба сол
  • Крема
  • 200гр. бурата
  • 2 лажици маслиново масло
  • прстофат сол
  • еден поголем прстофат црн бибер
  • по потреба вода во која се вари пастата

Подготовка

Едноставно, брзо и мноогу вкусно. Комбинација на песто и бурата е одлична и за подготовка на брускети. Бурата е вид на сирење.(Види во дополнителни слики). Доколку не може да најдете може, иако нема да биде исто, да ја замените со страчатела.

Подготовка
1. Во солена зовриена вода ставете ја пастата да се вари. Откако ќе се свари, исцедете и измешате ја со пестото.

2. Крема - Искинете ја буратата на парчиња и ставете ја во сад за блендирање.
Додајте го маслиновото масло, сол, бибер и по потреба од водата во која се вари пастата. Изблендирајте со рачен блендер до посакуваната густина.

Во чинија за сервирање ставете од пастата и одозгора од кремата.

На здравје.