20
окт
2015
Паста болоњезе
Сварете ги тестенините и потоа исцедете ги.
Изрендајте го кромидот и ставете го на малку масло заедно со меленото месо да се пржи. Откако течноста ќе испари, додадете ги зачините и грашокот од конзерва и динстајте уште кратко време.
Растворете ја кесичката Фант за шпагети болоњезе во 500 мл вода и додадете ја во месото со грашокот. Мешајте додека ја добиете посакуваната густина за сос.
Сервирајте ги шпагетите во 4 чинии и одозгора обилно ставете од сосот. Служете топло и уживајте во вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани